Забава МАГАЗИН

Крај на серијата Вовед во анатомија?

Ѕвездата на популарната серија Вовед во анатомија, Гиакомо Гианиоти ги разгори гласините дека ѝ се ближи крајот на серијата. Актерот кој во серијата го играше д-р- Андреј ДеЛука во интервју за US Weekley прилично е увререн дека по 17 сезоди, серијата ќе престане да се снима.

– Моментално имам уште една сезона снимена и уверен сум дека по неа серијата ќе заврши. Тоа го дознав за време на разговор со некои луѓе – открил актерот.

Но, јасно дал до знаење дека тоа може да се смени со оглед на тоа колку луѓето ја сакаат серијата. Тој додал дека во серијата често се „допираат“ политички теми и дека во светот има многу мали луѓе чиј глас далеку не се слуша.

Бројни обожаватели се разочарани од оваа одлука бидејќи, како што пишуваат, пораснале со оваа серија.

– Искрено, не размислував за тоа дека оваа серија еден ден ќе го види крајот. Тажен сум поради тоа. Ве молам, не правете го тоа – гласеле повеќето коментари на социјалните мрежи.

Поврзани вести

Се откажува доделувањата на Златните малини

Кристина Денесовска

Психолошки профил на родените во знакот Близнаци

Елена Даскалова

Кајли Џенер сподели совети за како да се забавувате во време на изолација

Објава од породилиштето која ќе ве разнежни: Се породи манекенката Џиџи Хадид (фото)

Никола Поповски

Преслатко куче кое го следат половина милион луѓе (ФОТО)

Каква личност сте според брзата храна која ја обожавате?

Елена Даскалова