Забава МАГАЗИН

Леди Гага денес го прославува 34 роденден

Пејачката Леди Гага е родена на 28 март 1986 во Њујорк, а денеска го прославува својот 34 роденден. Води турбулентен живот која, меѓу останатото, го обележаа многу љубовни врски.

Гага пораснала во семејство со италијанско потекло. Одела во католичко училиште каде била една од најпознатите школски актерки. Глумела во мјузикли, пеела танцувала, а на 17 години успеала да влезе во престижното училиште за уметност Tisch, но набргу сфатила дека не е за неа и се откажала по една година.

Кога го напуштила семејното гнездо, западнала во лошо друштво и започнала да експериментира со дроги. Тогаш започнала да работи како келнерка, а подоцна и како стрипризета и go-go танчерка.

Во 2006 година таа за прв пат го искористила псевдонимот Леди Гага, кој го смислила поради песната Radio Ga-Ga. Нејзиниот деби албум The Fame излезе на 19 август 2008 година. Имаше 14 песни, од кои шест добиле и видео запис. Првиот сингл Just Dance и ги отвори вратите на музичката индустрија, но вистинската бомба следувала кога беше издаден вториот сингл, Poker Face.

Во 2009 година започнаа да се шират гласините дека Гага е хермафродит и дека има пенис. За време на интервју во австралија, пејачката на тоа скокотливо прашање рекла дека тоа и е под чест и дека воопшто не сака да зборува за тоа.

– Целата таа приказна е смешна и потполно невистините – рекла.

Освен борбата до дрогата, контроверзните приказни дека е хермафродит и големиот успех на музичката сцена, нејзиниот живот го обележаа и бурните љубовни врски, а ја нарекуваа и растурачка на бракови.

Гага минатото лето ја поврзуваа со инжењерот на звук Ден Хортон, но таа самата потврди дека е сингл. Пред Кристијан Карин, таа беше свршена и со актерот Тејлор Кини, со кој беше во врска пет години, а прекинаа во 2016 година.

Неодамна се најде во средината на скандалот и поради наводната афера со актерот Бредли Купер, со кој го снимаше филмот „Ѕвездата е родена“. Двајцата негираа дека меѓу нив постои било што повеќе од пријатели.

Гага во моментов е во врска со Мајкл Полански, поранешен инвеститор кој работи како извршен директор на Parker Group.

Покрај љубовниот, нејзиниот живот има бројни трауми. За време на својата турнеја зборуваше за здравствената состојба и траумите кои и го обележале животот. Се и раскажа на Опра Винфри пред 15.000 луѓе на Флорида.

-Бев силувана кога имав 19 години. Немав психијатар ниту доктор кој ќе ми помогне. Имам ПТСП и трпам хронична болка. Невропатска болка како одговор на траумите кои се дел од мојот живот. На антидепресиви сум, имам неколку доктори и така преживувам – рекла пејачката и признала дека долго време се сечела по своето тело.

-Самоповредувањето успеав да го прекинам кога сфатив дека тоа го правам за да им покажам на останаттие дека се борам наместо да им кажам. Ова го зборувам со многу сила и понизност. Благодарна сум што не го правам вече тоа и не сакам да го романтизирам – рекла.

Поврзани вести

Рецепти за јадења од коприва: Полни со железо доволно за целото тело

Елена Даскалова

Мицкоски во „1 на 1“ открива: Не одам на родителски

Елена Даскалова

Јелена Ѓоковиќ со трогателна исповед за животот на славните

Влатко Зорба

Музичарот направи необична „веганска“ тетоважа

Што сè треба да знаете за пилингот за тело и како да го правите дома?

Елена Даскалова

Внесувајте храна со цинк за подобар имунитет

Елена Даскалова