Забава МАГАЗИН

Личностите кои имаат сестри се посреќни

Доколку се сметате за среќник затоа што имате сестра, потполно сте во право.

Научниците од универзитетот Де Монтфорт и Улстер неодамна направија истражување во кое испитале повеќе од 570 личности на возраст од 17 и 25 години. Им биле поставени одредени психолошки прашања на различни теми, вклучувајќи го и менталното здравје.

Резултатите до кои дошле покажале дека личностите кои имаат сестри биле поотворени и не им било проблем да разговараат за сопствените чувства. Исто така, покажале дека се пооптимистични и посреќни.

Еден од основачите на студијата, професорот Тони Касиди, ги објаснил добиените резултати.

„Сестрите се покажале како личности кои поттикнувааат отворена комуникација и кохезивност во семејството. Но браќата, на пример, имаат сосем спротивен ефект“, рекол.

Касиди додал дека тоа е поради фактот дека мажите имаат природна тенденција да не разговараат за некои лични работи, додека жените тоа го поттикнуваат, што доведува до подобро психичко здравје и посреќен живот.

Поврзани вести

Неделен хороскоп: Биковите уживаат во малите нешта

user2

Хороскопски знаци кои самоизолацијата тешко ја поднесуваат

Балерина која со неверојатната убавина го полуде светот (ФОТО)

Елена Даскалова

Шварценегер подготви вежби за фановите во самоизолација

Рок-групата „Ганс ен роузес“ објавува сликовница за деца

Музичар почина од коронавирусот откако прати охрабрувачка порака

Кристина Денесовска