Забава МАГАЗИН

Мајка објавила видео од деветгодишниот син кој сака да се убие бидејќи бил малтретиран во училиште

Квајден Бејлс има само девет години, а неговата мајка го снимила како е скрешен од болка и плаше, додека објаснува како го малтретирале во училиште, пренесуваат странските медиуми.

Мајката на Момчето го објавила потресното видео на доцијалните мрежи со желба да се престане со овој вид на насилство. Видеото за кратко време стана вирално, а илјадници луѓе јавно го поддржале малото момче од Квинсленд.

This is the impacts of bullying! I seriously don’t know what else to do! 😭

Gepostet von Yarraka Bayles am Dienstag, 18. Februar 2020

– Сакам да се убијам. Сакам сега умрам! Сакам некој да ме убие! – вели малото дете во солзи, барајќи нож, додека мајката го снима во живо на Фејсбук.

– Ова е тоа што насилството го прави. Сакам луѓето да знаат колку ова нас како семејство не повредува, сакам да им дадам до знаење што излегува од ебеното насилство! Би сакала да можам да го снимам секој момент кога сме во јавност за луѓето да видат, бидејќи ова се случува секој ден и е ужасно. Нова епизода, ново насилство….

Се обидуваме да бидеме синли колку што е можно повеќе, но ова… ова е доказ како насилството влијае врз деветгодишно дете кое само сака да оди во училиште. Ова е она што луѓето го прават – зборувала мајката додека го снимала детето.

– Се чувствувам како да потфрлив како роденден, чувствувам како целиот систем да потфрли. Секој ден ова се случува, мака ми е веќе… Секој ебен ден! Ќе изгубиме уште едно дете кое ќе избрши самоубиство поради насилство ! -порачала мајката.

Видеото е прегледано повеќе од 10 милиони пати, а актерот Хју Џејмен, преку Твитер, му порачал на момчето дека има пријател во него.

– Квајден, посилен си од твоите врсници и што и да се случи, имаш пријател во мене. Ве молам, да бидеме внимателни едни кон други, насилството не е во ред – порачал актерот.

– Животот е доволно тежок, затоа да запомнеме, секоја личност која соит пред нас се соочува со некаква битка, затоа само бидете љубезни – додал.

Покрај него, се огласил и Џефри Дин Морган, исто така, порачувајќи му на Квејден дека не е сам.

– Не го знам твоето име, не го знам ниту името на мајка ти, но го видов твоето видео. Сакам да знаеш дека имаш пријател. Јас сум ти пријател. Се уште не си ме запознал, но наскоро тоа ќе го сменим. Твојата мајка може да ми прати порака. Тука сме, ти го чуваме грбот. Мораш да знаеш дека ќе биде подобро. Децата умеат да бидат ужасни и тоа боли, но ќе биде подобро. Ветувам. Во ред? Пратете ми порака – порачал Морган.

Поврзани вести

Што може да се случи доколку секојдневно користите јаболков оцет

Деми Ловато ја покажа новата тетоважа

Кристина Денесовска

Марија Шерифовиќ со емотивна изведба на „Боже чувај ја од зло“ (ВИДЕО)

user2

Четири знаци на слаб имунитет

Еди Марфи жали само поради една пропуштена улога

Кристина Денесовска

13 факти за петок 13-ти

Елена Даскалова