Забава МАГАЗИН

„Матрикс“ со Вил Смит наместо Кијану Ривс

Дали можете да го замислите филмот „Матрикс“ со Вил Смит во главната улога наместо Кијану Ривс?
Славниот актер од “Момци во црно“ се пошегува со својот пријател и колега, правејќи едно необично видео. На крајот од минатиот век, благодарение на браќата Ваковски, светот дозна за „Матрикс“. Благодарение на фантастичниот Кијану Ривс успеа и да го „преживее“, но дали знаете дека Кијану не беше првичниот избор за оваа улога?
Скоро сите актери во Холивуд биле повикани за кастинг, дури се размислувало и за Сандра Булок, но едно име посебно се издвојува – Вил Смит.
Актерот бил првиот избор на режисерот, но тој го одбил „Матрикс“ бидејќи морал да го снима „Дивиот запад“, филмот кој таа година беше прогласен за „најголема катастрофа“.

Сега Вил на инстаграм покажа како би изгледал „Матрикс“ со него во улогата на Нео, наместо Кијану Ривс.
– Сега замислете го Кијану Ривс во филмот „Дивиот запад“ – напиша Вил на својот профил под видеото.

Поврзани вести

Посно шарено рижото, идеја за вкусен ручек (РЕЦЕПТ)

Лиснати солени пица-стапчиња (РЕЦЕПТ)

Елена Даскалова

Заштитете ја кожата во зимските месеци

Влатко Зорба

Чудесното правило на 72 часови ќе ви го промени животот

user2

Џесика Бил роди дете среде скандалот со прељубата на Џастин

Влатко Зорба

Метју Пери со една објава ги излуди обожавателите