Забава МАГАЗИН

Меган и Хари одморот го поминуваат во луксузна палата од 14 милиони долари

Војводата од Сасекс, принцот Хари и неговата сопруга Меган МАркл, Божикните празници ги поминуваат далеку од останатите членови на кралското семејство. Всушност, одморот од 6 недели со наследникот Арчи го поминуваат во Канада, а сега е откриено дека одесднале во луксузна палата од 14 милиони долари, која е во сопственост на непознат милионер.

Нив друштво им прави и мајката на актерката, Дориа Регланд, на едно од најидиличните места на островот Ванкувер.

Имотот има 8 спални соби, две плажи и поглед на полуостровот кој се протега на 4 ари, а опкружени се со силно обезбедување.

Во внатрешноста на куќата се наоѓа свечена трпезарија, канцеларија со камин, двоспратна дневна соба, огромна кујна, шанк, просторија за гледање телевизија или куќно кино и просторија за дегустација на вино.

Инаку, луксузната палата во 2012 година за 13,1 милион долари ја купил богаташ и бизнисмен кој сакал да остане анонимен.

За потсетување, кралицата Елизабета е многу разочарана со оваа одлука, бидејќи кралската традиција налага, членовите на кралското семејство да се заедно за време на божикните празници. Меган и Хари, сепак, одлучиле дека
ќе се осамостојат и ќе уживаат сами.

Поврзани вести

Доматот е многу опасен ако припаѓате на овие категории луѓе

Александар Петровски

Како вистински изгледа Џенифер Лопез без фотошоп? (фото)

Никола Поповски

Почина актерката Кончата Ферел

Никола Поповски

Кога треба да намалите со кафето

Високопротеинските диети опасни за здравјето?

Елена Даскалова

Средства за чистење и дезинфекција кои НЕ СМЕЕТЕ да ги мешате