Забава МАГАЗИН

Меган и Хари воодушевија со божикна честитка

Принцот Хари и војвотката од Сасекс Меган Маркл ги изненадија сите кога во вчера објавија честитка со седуммесечниот син Арчи.

Службениот профил на кралскиот пар објави фотографија на која Меган и Хари позираат под божикно дрво, додека целото внимание го краде Арчи, кој љубопитно го набљудува објективот на фотоапаратот.

„Ова е најслатката божикна честитка на војводата и војвотката од Сасекс. Среќен Божик на сите“ стои во објавата на профилот.

Кралскиот пар е познат по тоа што не се држи со пропишаните обичаи, а за овие божикни празници одлучи да ја посети Канада во која Меган живеела седум години.

– На војводата од Сасекс му е чест што ќе ја посети Канада, а за војвотката тоа било дом седум години пред да стане член на кралското семејство- рекол извор за британските медиуми.

Војвотката живеела во Торонто пред да му се придружи на кралското семејство. Поради Хари се прости од улогата на Рејчел во популарната серија Suits, која ја лансираше меѓу ѕвездите.

Бабата, кралицата Елизабета, го поддржува планот на Меган и Хари да се одморат и да не им се придружат за Божик.

Поврзани вести

Беше во контакт со Ѓоковиќ: И Милош Биковиќ се тестираше на коронавирус

Stefanija Kuzmanovska

Бен Афлек жали што се разведе од Џенифер Гарнер

Елена Даскалова

Извлечена лото седмица во Србија вредна 2.250.000 евра

Никола Поповски

Карлеуша повторно го запали Инстаграм: Го чисти својот базен во зелено бикини (фото)

Никола Поповски

Салата идеална за посна слава: Мексиканска домашна

Се огласи жената на која Наоми Кембел ѝ го „украде“ сопругот

Stefanija Kuzmanovska