МАГАЗИН Стил

Меган Маркл го потврди големиот пролетен тренд за оваа година

Пред заминувањето од Лондон, поранешната војвотка од Сасекс имаше уште една кралска обврска.

Иако се пишуваше дека мисата по повот Деновите на Комонвелтот е нивната последна официјална задача, Мега и принцот Хари во тајност се сретнаа со членовите на здружението на Комонвелтот на кралицата и на својот Инстаграм профил споделија фотографии од состанокот.

Меган, за оваа пригода, одбрала фустан во боја која досега не сме ја гледале и која ја избегнувала бидејќи не е ниту малку фотогенична, како што објаснила стилистката Дејзи Шуберт за британскиот Express.

Се работи за портокаловата боја, а Меган одбрала фустан во пастелна нијанса на портокалова со кој најави голем пролетен тренд. Се работи за пласираната ткаенина која од здолништата се сели и на остатокот од гардеробата, а најубаво изгледа на лелеавите фустани.

Фустанот на Меган со „пуф“ ракави, слоевит долен дел и асиметричен раб е со потпис на брендот Preen by Thornton Bregazzi, а цената на и истиот изнесува 975 евра.

Поврзани вести

Џереми Ренер може да биде осуден за обид за убиство

user2

Прва средба на кралицата и Хари по „мегзит“

Чоколадни коцки со бисквити и џем

Познат диџеј почина под неразјаснети околности

Stefanija Kuzmanovska

Светот изгуби прекрасен сопран, почина познатата оперска пејачка

user2

Почина српскиот рапер Бане „187“, по битка со тешка болест