Забава МАГАЗИН

Меган Маркл по убиството на Флојд: Жал ми е што децата растат во свет на расизам (видео)

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл изјавила денес дека и е жал што децата треба да растат во свет каде расизмот сè уште постои и истакнала дека настаните во САД се погубни.

Таа ова го изјавила во видео снимено за учениците кои треба да матурираат од гимназијата во Лос Анџелес каде што и таа учела, по повод масовните протести во САД, поради бруталната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд, пренесува Ројтерс.

„Знам дека знаете дека животот на црнците е важен. Првото нешто што сакам да ви го кажам е дека многу ми е жал што треба да пораснете во свет каде што ова сè уште се случува“, изјавила Меган, чија мајка е Афроамериканка.

Таа додала дека сакала да ја каже вистинската работа и дека е нервозна нејзините зборови да не бидат погрешно разбрани.

„Единствената погрешна работа е да не кажете ништо“, изјавила Меган Маркл.

Поврзани вести

Цеца прва стигна по внукот во породилното (ВИДЕО)

Александар Петровски

Зета-Џонс за својот сопруг: Мајкл е поуспешен од мене

Stefanija Kuzmanovska

Танцувањето, пеењето и посетата на музеј се благотворни за физичкото и менталното здравје

Откријте кое е идеално време од денот за водење љубов

Александар Петровски

Торта од палачинки

Овие три хигенски производи избегнувајте ги, штетни се за вашето здравје

Влатко Зорба