Забава МАГАЗИН

Меган заминала во Канада без принцот и синот?

Меган Маркл и принцот Хари се вратија од одморот во Ванкувер, каде ги поминаа празниците и потоа соопштија дека се повлекуваат од сите кралски должности.

Кралското семејство за оваа одлука дозна од медиумите, а не директно од нив. Според однесувањето на Меган Маркл, јавноста добива впечаток дека воопшто не се грижи за тоа што мисли остатокот од семејството за неа.

Вчера, во екот на скандалот, таа беше на театарска претстава сама, а денес, наводно, повторно заминала во Ванкувер, сама, без принцот, а малиот Арчи го оставила на неколку дена со дадилките.

Многумина го протолкуваа тоа како бегство, додека нејзиниот сопруг се соочува со гневот на семејството и на британската јавност.

Според извор упатен во ситуацијата таа воопшто немала намера долго да остане во Британија, а до кога ќе остане во Канада не е познато.

Јавноста веќе шпекулира дека таа таму се интересира да најде дом за себе и сопругот и синот.

Поврзани вести

Џејсон Момоа во тесна маичка на Златните глобуси

На кои делови од телото не треба да ставате парфем?

Елена Даскалова

„Паразит“ прогласен за Најдобар филм на Оскарите

Елена Даскалова

Лили Рајнхарт бесна поради советот на Трамп за користење заштитни маски

Рене Зелвегер го развела Колин Фирт?

Влатко Зорба

Искористете ги јаболките на поинаков начин

user2