Забава МАГАЗИН

Меколи Калкин во новата сезона на Американ Хорор Стори

Десетата сезона на серијата „Американска Хорор Приказна“ пополека започнува да го добива ликот. Продуцентот Рајан Марфи ги откри улогите за следната сезона. Ќе глумат актерката Сара Паулсон и актерот Еван Петерс, кои во серијата се појавиле и минатата сезона, пишува Холивуд Репортер. Меѓу останатите, во серијата ќе се појави и Меколи Калкин, кој веќе подолго време не сме го гледале на малите екрани.

– Сакам да глумам, уживам на сетот- рекол Калкин, кој својата популарност ја стекна во филмот „Сам дома“.

Раната актерска кариера му донесе голема слава и дебела банкарска сметка поради што стана долгогодишен зависник од хероин, на кој трошеше илјадници и илјадници долари.

– Толку сум богат што можам цело време да седам и гледам телевизија, а и понатаму ќе имам доволно пари за факултет за моите деца – изјавил своевремено.

По пропаднатиот брак со Рашел Минер со која се разведе во 2002 година и осумгодишната врска со актерката Мила Кунис, Калкин од летото 2017 година е во врска со американската актерка Бренда Сонг.

Поврзани вести

Даниел Тренчовски објави преработка на големиот хит од Џенан Лончаревиќ

user4

Рецепт за највкусниот празничен џин-пунч

Елена Даскалова

Зошто во огледало изгледаме поубаво отколку во реалноста?

Елена Даскалова

ВОДОЛИЈА: Годишен хороскоп за 2020 година

Елена Даскалова

Сладок компир со спанаќ и печурки

user2

Што треба да знаете за патувањата во време на коронавирусот?

Елена Даскалова