МАГАЗИН

Меланија бара луѓето да носат маска, Трамп одбива

Доналд Трамп одбива да носи маска за лице, за разлика од неговата сопруга Меланија, која ги повикува сите да носат маски за заштита од коронавирус.

Првата дама на Соединетите држави се вклучи во борбата против коронавирусот. Таа направи видео со кое ги поканува луѓето да носат маски, а после тоа таа објави и нејзина фотографија со маска.

– Бидејќи Центрите за контрола и спречување на болести продолжуваат да го проучуваат ширењето на „КОВИД-19“, властите препорачуваат да носите заштитни маски на јавни места каде е тешко да се одржат мерки за социјална оддалеченост, како што се продавници и аптеки. Запомнете, ова не ја заменува социјалната дистанца. Тоа е само уште една мерка да се осигураме, рече Меланија.

Сепак, крајната препорака на американските експерти е дека маските не треба да исчезнат, бидејќи многу заразени лица со коронавирус немаат никакви симптоми. Покрај тоа, додека ги носат, луѓето ги допираат носот и устата во помала мерка.

Трамп ги советуваше Американците да носат шалови и марами преку лицето додека одат на јавни места. Иако тој самиот има фобија од микроби, тој истакна дека нема да носи маска.

„Не сакам да носам, тоа е само препорака“, рече тој.

Поврзани вести

Познати личности кои никогаш не застанале пред олтар

Кристина Денесовска

Намирници кои помагаат во чистење на дебелото црево

Елена Даскалова

Џенифер отворено: Чувствувам како го губам допирот со реалноста

Елена Даскалова

Зимски карамел-колач со гриз и круши

Елена Даскалова

Кралицата владее со земјата 68 години, а ги преживеа сите скандали

Кристина Денесовска

Хороскопски знаци кои обожуваат драматични врски