Забава МАГАЗИН

„Млади бунтовници“ од декември ќе биде достапна на Нетфликс

Тинејџерската сапуница која започна да се емитува во Аргентина, а потоа стана глобален феномен, од кој произлезе и музичка група, наскоро ќе биде достапна на Нетфликс.

Носталгичните ќе може да се потсетат на своето детство и тинејџерски години токму пред почетокот на новогодишните и божикните празници. Достапни ќе бидат сите 318 епизоди.

Информацијата беше објавена на официјалниот шпански твитер-профил на Нетфликс.

Минатата година се појавија тврдења дека е можен и римејк на оваа серија, со потенцијални враќања на дел од ликовите кои веќе ги знаеме. Појавувањето на серијата на Нетфликс само ги „подгрева“ сомнежите. Според креаторот Крис Морена, би било тешко да се смести целото дејствие во малку епизоди, но сепак, ни тој самиот не ја исклучува можноста дека некогаш ќе се случи посакуваниот римејк.

Поврзани вести

Седум рецепти за првите денови од постот

Пица-пита од готови кори (РЕЦЕПТ)

Елена Даскалова

Евровизија сака да ја обедини Европа за време на пандемијата

Зошто сокот од портокал е совршен за почеток на денот?

Елена Даскалова

Екипата на „Медена земја“ од Лос Анџелес: Чест беше да бидеме номинирани во две категории

Елена Даскалова

Минијатурна книга на Шарлот Бронте продадена за 780.000 евра

Елена Даскалова