МАГАЗИН

На Евровизија следната година ќе учествува 41 држава

Европската радиодифузна унија соопшти дека 41 држава го потврдила учеството на „Избор за песна на Евровизија“, која следната година треба да се одржи во холандскиот град Ротердам.

Учеството на натпреварот следната година го потврдија истите земји што требаше да настапат на овогодинешниот „Избор за песна на Евровизија“, кој беше откажан поради пандемијата на коронавирусот.

Поради откажување на натпреварот, Европската радиодифузна унија донесе одлука следната година повторно да им ја препушти организацијата на „Евросонг“ на холандските радиодифузери, а фестивалот треба да се одржи од 18 до 22 мај 2021 година.

Извршниот продуцент на натпреварот, Сајс Бејкер, изјави дека организаторите поставиле високо скалило за претстојниот натпревар и дека се подготвува протокол со цел да се заштити здравјето на вработените, натпреварувачите, новинарите и посетителите.

Поврзани вести

Џорџина го украде вниманието во фустан со длабоко деколте

Што се случува со вашето лице ако не ја отстраните шминката навечер?

user2

Ники Минаж за првпат стана мајка

Витни Хјустон преку холограм на турнеја

Кристина Денесовска

Сопругата на Ел Чапо влегува во реално шоу

Селена Гомез за првпат ги покажа лузните од трансплантација на бубрегот (ФОТО)

Александар Петровски