МАГАЗИН

На ќерката на Мејведер и се заканува казна затвор од 99 години

Еден од најдобрите боксери на светот, Флојд Мејведер во последно време имаше многу приватни проблеми. По смртта на мајката на неговите три деца и чичкото, кој исто така беше негов тренер, неговата ќерка сега се наоѓа во огромна неволја. Како што веќе пишувавме, Ијана Мејведер во саботата на 4 април затекнала друга жена во домот на нејзиниот свршеник, раперот Кентрал Дешон Голден, која потоа ја прободела со нож.

Популарниот рапер, попознат како НБА Јангбој, иако сè уште нема 21 година, има четири деца. Ијана ја затекнала Лапатра Џејкобс (25) во домот на нејзиниот вереник тоа утро, тврдејќи дека е мајка на децата на раперот.

Таа побарала Лапатра да ја напушти куќата, а кога таа одбила да го стори тоа, расправијата се преселила во кујната, каде што Ијана зграпчила два ножеви и ја прободела Лапатра со двата.

Џејкобс не е во животна опасност и последиците од прободувањето нема да бидат големи. Ијана Мејведер беше приведена во притвор, а откако беше платена кауција од 30.000 американски долари, таа беше ослободена од затвор за да се брани од слобода.

Ако е прогласена за виновна, односно ако таа навистина ја прободела Џејкобс, се соочува со затвор до пет до 99 години.

Добивањето максимална казна би значело доживотен затвор.

Поврзани вести

Разлики меѓу ковид-19 и обични пролетни алергии

Три навики поради кои се чувствуваме уморно

Елена Даскалова

Хакиран профилот на Твитер на Мараја Кери (ФОТО)

Елена Даскалова

Еминем објави нов албум

Тајни од минатото на Маркл

user2

Георгина му купила автомобил на Роналдо