Забава МАГАЗИН

На Златните глобуси нема да се служи храна со месо

77-то доделување на Златните глобуси ќе се одржи на 6 јануари оваа година, а донесена е одлука за првпат менито да биде целосно без месо и да се служи само храна со растително потекло.

Организаторите се надеваат дека оваа одлука ќе ја покрене свесноста за одржување на здрава животна средина. Одлуката ја соопшти Лоренцо Сорија, кој е претседател на Холивудската прес-асоцијација за странство.

Церемонијата ќе се одржи во „Беверли Хилтон“ во Беверли хилс, Калифорнија. Најпрво имало несогласувања, но сега хотелот е сосема во ред со таа одлука. Наместо месо, ќе има поголем избор на храна со печурки, рижота и салати од прокељ и моркови. Како предјадење ќе се служи ладна супа од цвекло.

Златните глобуси повторно ќе ги води Рики Џервејс, истакнат активист за правата на животните, но не е познато дали неговиот активизам има какво и да е влијание врз одлуката.

Поврзани вести

Нестандардни примени на кремата за раце

user2

Лејди Гага се чувствува добро по падот од сцена

user2

Есента има позитивно влијание на човечкиот мозок

user2

Како да се ослободите од мирисот од цигари

user2

Почина првата детска ѕвезда на поранешна Југославија

Во квизот никој не го позна Том Хенкс, погледнете ја неговта реакција