Забава МАГАЗИН

Најдобрите филмови кои можете да ги гледате додека сте во изолација

Милиони луѓе ширум светот се во карантин како би се спречило ширењето на пандемијата од коронавирусот. Токму поради тоа, многумина главно прашање во текот на денот е како да го исполнат времето додека се дома, па многумина посегнуваат по филмови и серии. Поради тоа, BBC издвои филмови кои се достапни онлајн за гледање и ги подели во неколку категории.

Доколку сакате да бидете безгрижни

Во тешките времиња луѓето често се осврнуваат на работи кои ги развеселуваат. Еден од филмовите кој би можел да ви помогне е For Haven’s Sake (1926) со Харлод Лојд во главната улога. Тој во овој филм го толкува ликот на позитивниот милионер кој еден ден завршува во сиромашниот крај на градот, по што започнува да пишува чекови за да им помогне на сиромашните. Уште еден пример за филм кој потполно ќе ве вовлече во својата приказна за светот на богаташите во кои многумина пробуваат да влезат е The Lady Eve. Сепак, најмногу ќе се опуштите со филмовите Top Hat и Cаrefree.

Доколку сакате да пеете

Докажано е дека музиката го подобрува расположението, па бар еднашка во денот треба да се препуштите на тоа и да заборавите на се. Меѓу филмовите кои ќе ви помогнат во тоа е дефинитивно Singin’ in the Rain со Џин Кели, Деби Рејнолдс и Доналд О’Конор во главните улоги, кој е еден од најценетите холивудски мјузикли. Но ова не е единствениот стар мјузикал кој ќе ве разигра, тука се и Easter Parade, The Band Wagon, The Blues Brothers и Little Shop od Horrors.

Доколку сакате да се вљубите

Еден од филмовите кои спаѓа во оваа категорија е Pillow Talk со Дорис Деј во улогата на деловна жена која не може да го поднесе својот плејбој сосед. Ова е многу напната романтична драма со голема тензија меѓу ликовите која цело време ќе ве држи во неизвесност дали двајцата ќе завршат заедно. И други романтични комедии кои ви паѓаат на памет може да предизвикаат слично чувство, а меѓу нив се издвојуваат Four Weddings and a Funeral со Хју Грант и When Harry Met Sally со Мег Рајан и Били Кристал.

Доколку ви се потребни љубов и внимание

Понекогаш сите се чувствуваме како деца на кои им е потребна поддршка, а кој ќе ви ја даде подобро од мечето Бало и пантерот Багхир во The Jungle Book? Како вистински родители тие ги ризикуваат своите животи за да го сочуваат Могли, иако знаат дека и тој, како и сите деца, еден ден ќе ги напушти. Веселите песни и добрата анимација допринесува за доброто чувство. Доколку повеќе сакате филмови од цртани, вистински избор е Marry Poppins или Safe со Џејсон Статман во главната улога.

Доколку сакате некој кој ќе го спаси светот

Одберете некој од филмовите од серијалот на тајниот агенд 007 или изгледајте филм за некој акционен херој како што се Die Hard, Indiana Jones, Superman.

Доколку сакате да ја видите комичната страна

Комедиите можат да бидат идеални критичари на социјалната неправда и човечката слабост, но сега најмногу ни е потребно смеење. Еден од најдобрите филмови за тоа е This is Spinal Tap, документарец за хеви метал бендот чија реплика многумина ја знаат напамет, но поради тоа ќе биде интересен за гледање. Други филмови кои можат да ве насмеат до солзи се Duck Soup, The Return of the Pink Panther, The Jerk, Airplane!, Borat, What We Do In The Shadows и Penguins of Madagascar.

Доколку сакате да ја видите светлината на крајот од тунелот

На почетокот на филмот Wall-E Земјата е отпад со натрупано ѓубре, а единствен жител на неа е еден осамен робот. На крајот на филмот, човечката раса се враќа од својот ѕвезден крузер и повторно почнува да живее.

Поврзани вести

„Последната експедиција“ повикува на „Охридско море“

Stefanija Kuzmanovska

Зошто секоја жена треба да пие чај од дива роза?

user2

Кајли Џенер купи луксузен автомобил за 3 милиони долари

Stefanija Kuzmanovska

Хари и Меган последните кралски должности ќе ги обават во мај

Кристина Денесовска

Обожавателите на Возњацки воодушевени од новата фотографија (ФОТО)

Елена Даскалова

Тејлор Свифт ги израдува фановите и на Инстаграм го најави својот нов албум