Забава МАГАЗИН Патувања

Најдоброто место на светот за набљудување на ѕвезденото небо

Малиот остров во Тихиот океан Ниуе, можеби е најдоброто место на Земјата за гледање на ѕвездите, пишува CNN.

Ниуе, полинезиски остров на пола пат меѓу Фиџи и Куковите острови, доби признание од Меѓународното здружение за темно небо, организација која рбаоти на запирање на светлосното загадување и давање на можност на луѓето да ги видат ѕвездите.

Тие веќе навеле неколку точки ширум светот кои се совршени за набљудување на ноќното небо, но ова е прв пат, како таква, да се признае цела држава.

„Ѕвездите и ноќното небо имааат големо влијание врз нуенскиот начин на живот од аспект на културата, животната средина и здравјето“, рекла Фелисити Болен, директорка на туристичката агенција од оваа земја.

„Статусот на нацијата за темно небо ќе помогне да го заштитиме нашето небо за следните ѓенерации, како и за туристите кои доаѓаат во нашата држава“, додала.

Посветеноста на оваа држава за намалување на светлосното загадување е евидентна. Ниуе се обврзува дека своите улични светилки ќе ги замени со енергетски ефикасни со помала емисија на светлост.

„Небото над Ниуе веќе со векови се набљудува и уважува“, рекла Миса Калутеа, заштитник на културното наследство на оваа држава.

Ниуе има 1.600 жители и е една од најслабите просечни земји на светот. Овој корален остров се протега на површин од 261 квадратен метар и е во слободна врска со Нов Зеланд, што значи дека сите жители имаат и државјанство на Нов Зеланд.

Повеќето патници кои доаѓаат во Ниуе, тоа го прават токму од Нов Зеланд, бидејќи постојат само два лета неделно преку Оуклнд. Турстите кои доаѓаат за да уживаат во ноќното небо, можат да ангажираат и локални водичи и така да ја подржат економијата на оваа заедница. Во текот на денот можат да уживаат со капење во топлите води, посета на пештери и нуркање.

Поврзани вести

Даниел Редклиф призна дека започнал да пие поради улогата на Хари Потер

Најубавите комбинации на бои за новогодишна елка

Елена Даскалова

Кој знак ќе има одлична недела, а кој едвај ќе го дочека крајот

Кристина Денесовска

Меган и Хари се преселија во Лос Анџелес, па открија кога планираат да имаат второ дете

Влатко Зорба

Бандерас по разводот го продава станот за 7 милиони долари

Stefanija Kuzmanovska

Анџелина Џоли бесна поради изјавата на Бред Пит