МАГАЗИН

Најскапата колекција на виски во светот е на продажба

Некои од најретките и најскапите виски се пуштени во продажба денес на интернет аукција на приватна колекција, сопственост на покојниот американски магнат na компанија за флаширање на безалкохолни пијалоци.

Компанијата „Whiskey Auctioneer“ соопшти дека Совршената колекција („Perfect Collection“), собрана од покојниотдиректор на компанијата за флаширање на „Pepsi“, Ричард Гудинг, вклучува 100-годишни шишиња за кои се смета дека вредат повеќе од 1 милион фунти.

3.900 шишиња содржат претежно шкотско виски, кое ќе се продава на два дела.

Првите 1.949 ќе бидат пуштени во продажба во рок од 10 дена од денот на започнувањето на аукцијата, а ќе бидат вклучени и ретките Macallan 1926, 60-годишен Valerio Adami и 50-годишен Springbank 1919.

Неодамна шише Macallan стана најскапиот алкохолен пијалок во светот кога се продаде за 1,5 милиони фунти (1,9 милиони долари, 1,8 милиони евра) во Сотби во октомври.

Втората серија ќе се најде на пазарот помеѓу 10-20 април и илјадници купувачи од целиот свет се регистрираа на аукцијата на веб-страницата на компанијата.

„Разновидноста во „Совршената колекција“ е можеби највозбудливиот аспект“, рече организаторот на аукциите Лејн МекЛејн.

Колекцијата има примероци на некои веќе непостоечки дестилерии во Шкотска – и не сите се достапни за просечниот љубител на виски.

Старо „Old Orkney“, флаширано од веќе затворената дестилерија „Stromness“ во 1930-тите, има почетна понуда од само 15 фунти.

Гудинг, кој почина во 2014 година, беше внук на Џејмс А. Гудинг, кој ја основа компанијата за шишиња „Pepsi“ во Денвер во 1936 година. Магнатот роден во Колорадо помина со децении патувајќи во Шкотска за да најде специјални шишиња од мали дестилерии.

„Неговата мисија беше да собере колекција, што ја претставува секоја дестилерија“, изјави вдовицата на Гудинг, Ненси, на веб-страницата на аукцијата.

Поврзани вести

Доли Партон сака да се фотографира за Плејбој

Експертите советуваат да не трупате гелови за дезинфекција

Најгледаната серија во светот во моментов, нејзините автори ја предвиделе пандемијата на корона (ВИДЕО)

Бијонсе повторно направи модно промашување (ФОТО)

Елена Даскалова

Момче кое ја бакнало Меган му се извини на принцот Хари

Негувајте ја кожата на своето лице на холивудски начин

user2