Забава МАГАЗИН

Наметката на Супермен продадена за рекордни 190.000 долари

Наметката која актерот Кристофер Рив ја носи во филмот Супермен од 1978 година е продадена во понеделникот на аукција за рекордни 193.750 долари. Аукцијата, организирана од куќата Julien’s Auction, била под името „Icons and Idols“.

Наметката на аукцијата била понудена по втор пат, пишуваат американските медиуми.

Меѓу останатите предмети понудени на оваа аукција биле и реквизити и костими од Ѕвездени патеки, вклучувајќи ја и униформата на Патрик Стујард кој ја носел во серијата „Ѕвездени патеки: Нова генерација“. Униформата е продадена за 28.800 долари, а костимот од Deep Space Nine кој го носел легендарниот Леонард Нимој, достигна цена од 20.000 долари.

Меѓу понудените предмети бил и комбилизонот што го носел Ден Ајкројд, во филмот „Истерувачи на духови“, кој е продаден за 32.000 долари.

Осумнаесеткаратниот часовник на Енди Вархол е продаден за 10.240 долати, а две слики масло на платно на Френк Синатра, под името „Синатра/65“ и „Синатра 53“ постигнаа цела од 21.250 долари.

Поврзани вести

Сите ја обвинија Меган за „Мегзит“, но сега е откриено чија била идејата за заминување

Влатко Зорба

Кира Најтли: Папараците толку ме полудеа што им реков дека ќе убијам еден од нив

user2

Никој не може на Цеца да ѝ го земе Жељко од раце! Вељко откри што се случува во вилата на Дедиње 

Stefanija Kuzmanovska

Хороскопски знаци кои глумат нешто што не се пред нов партнер

Елена Даскалова

Познат актер пронајден мртов во својот дом

Stefanija Kuzmanovska

Кралицата ги поддржа Хари и Меган