Забава МАГАЗИН

Не губи време: Бред Пит повторно ќе стане татко

Веќе некое време се шушкаше за врската помеѓу славниот холивудски актер Бред Пит и младата германска манекенка Никол Потуралски, а приказната доби ново продолжение.

Американските медиуми објавија дека Никол е бремена, а ако тоа е вистина, актерот ќе стане татко по седми пат.

„Двајцата се возбудени, иако Бред беше малку шокиран и збунет на првата топка“, изјави близок извор на парот.

Странските медиуми пишуваат дека Никол е бремена во трет месец и дека треба да се породи на пролет.

„Нивната врска и однос се развија многу брзо. Тие не го испланираа бебето, но тоа се случи и сега се во пресрет. И двајцата сакаат девојче, особено Никол која веќе има син”, рекол изворот.

Парот досега не ги коментираше овие наводи.

 

 

Поврзани вести

Како Вилијам ќе ја изненади Кејт за Денот на вљубените

Кристина Денесовска

Два нови филма за „Пиратите од Карибите“, фановите разочарани – го нема Џони Деп

Влатко Зорба

Карлеуша ја тужеше Цеца, судот ја ослободи

Stefanija Kuzmanovska

Неделен хороскоп 23.12-29.12 2019

Кристина Денесовска

Цеца потрошила 100.000 евра за раѓањето на внукот

Актерката Шенен Доерти од Беверли Хилс боледува од напреден рак на дојката