Забава МАГАЗИН

Неделен хороскоп 23.12-29.12 2019

Овен
За вас настапува многу поволна недела во која ќе бидете празнично расположени. Работите ќе ви одат од рака. На љубовно поле можна е нова авантура или врска без обврски. Што се однесува до здравјето – состојбата ви е поволна. Единствен проблем би можел да настане доколку сте склони кон претерување со алкохолот.

Бик
Ќе се занимавате со решавање на финансиското прашање. Ќе бидете задоволни кога ќе се заокружи материјалната состојба за оваа година. Во љубовта се сомневате во партнерот. Настапува поволен период за опоравување, регенерација и подобрување на здравствената состојба. Важно е да внимавате на себе.

Близнаци
Можете да очекувате дека ќе имате некакви понуди за ново деловно шартнерство кое ќе ви биде значајно во наредниот период. Во љубовта донесувате важни одлуки со саканата личност. Склони сте кон проблеми со бубрезите и органите за вадење течности, но и дебелеење.

Рак
Ве очекува одлична недела во која ќе успеете да остварите се што сте наумиле. Судбината и среќата се на ваша страна. Имате добар однос со личностите кои ви значат. На полето здравје – ве очекува фаза во која некои проблеми од порано би можеле да се закоплицираат, па внимавајте.

Лав
Ве очекува период во кој ќе имате мир на работното место, а на друга страна многу слободно време. Кога е љубовта во прашање, убаво се согласувате со саканата личност. Здравјето исто така ќе ви биде одлично. Не сте загрижени и во новата година влегувате во одлично расположение.

Девица
Ќе имате можност за приватна заработка и подобрување на приватниот бизнис. КОга станува збор за љубовта, сигурни сте со своите чувства, но и во чувствата на партнерот. Ве очекува период во кој ќе бидете склони кон тегоби со бешиката, бубрезите и иринарниот тракт, па чувајте се.

Вага
Пред вас е период кој може да ви донесе нови работни патувања или договори на ова поле. Во љубовта ве очекува период во кој ќе имате интересен флерт. Здравјето ви е генерално добро. Празнично сте расположени и околу вас владее многу позитивна енергија во овој период.

Скорпија
Ќе имате подобрување во финансиите и ќе бидете задоволни. Ве очекува период исполнет со доверба кон партнерот. На полето здравје, ве очекува период во кој ќе бидете склони кон прејадување па на тоа би требало да внимавате.

Стрелец
Иако владее празнична атмосфера, кај вас тоа и не е баш нагласено. Загрижени сте за работата. Во љубовта олекувајте некакво преиспитување, можно е и чувство на меланхонија. Склони сте кон проблеми со главоболка, низок притисок, ве следи чувство на малаксаност и умор.

Јарец
Можно е доста работи да не ви одат како што сте планирале. Обидете се да се опуштите и да ги препуштите работите да одат со својот тек. Вашиот партнер делува некако несигурно. Ве очекуваат проблеми со циркулацијата, вените, тегоби кои можат да бидат поврзани со кардиоваскуларниот систем.

Водолија
Во работата, оваа недела, ве очекува стабилно и добро здравје. Можно е ново љубовно познанство и почеток на нова врска токму пред празниците. Кога се работи за здравјето, пред вас е поволна фаза во која ќе имате стабилно здравје. Не би требало да имате ниту една причина за грижа овој период.

Риби
Ве очекува период во кој ќе имате работни промени и важни одлуки. Иако доаѓаат празници, вие сте многу вредни. Во љубовта сакате нешто повеќе, размислувате на веридба, брак… Кога е здравјето во прашање, следниот период не ви е лошо поставен, освен проблеми со видот и очите, нема поголеми тегоби кај вас.

Поврзани вести

Девојче се разочарало бидејќи Кејт не изгледа како Пепелашка

Наметката на Супермен продадена за рекордни 190.000 долари

Кристина Денесовска

Три хороскопски знаци кои ги одбегнуваат долгите љубовни врски

Роналдо резервирал цел ресторан, за да ги измами новинарите

Влатко Зорба

Кои хороскопски знаци први го напуштаат родителскиот дом

Дизни за прв пат има ЛГБТИК главен лик, се работи за бисексуална девојка

Влатко Зорба