Забава МАГАЗИН

Неделен хороскоп: Близнаците робови на навиките, Раковите да бидат пореални

Овој неделен хороскоп ќе ви даде кратки насоки за тоа како да постапувате во одредени ситуации и прилики кои ќе се создадат пред вас, без разлика дали се на професионално или лично поле.

Овен

Односите со партнерот се добри и стабилни, па се чувствувате дека ви недостига одредена динамика во врската. Слободните Овни имаат некои нејаснотии, но не треба да ја удираат главата во ѕид, туку да остават нештата самите да се разјаснат. На работа чувствувате движења кои не ви се допаѓаат, но не вложувајте премногу нерви во тоа, бидејќи се работи за минлива ситуација. Финансиите ви се стабилни. Можни се мали проблеми со зглобовите. Обидете се да јадете што поразновидна храна.

Бик

Партнерот повремено ве нервира со своите постапки и забелешки, но не е дека вие сте „цвеќе за мирисање“. Обидете се да ги стабилизирате односите. На слободните Бикови им е многу убаво, фантазираат, флертуваат, а можеби и ќе се вљубат наското. На работа ситуацијата е стабилна и токму таа монотонија почнува да ве нервира и самите си барате нешто за кое ќе се нервирате. Финансиите се под ваша контрола. Препорачливо е да направите хормонален статус. Балансирајте и со храната.

Близнаци

Чувствувате дека е време за промени, без разлика дали сте во врска или сте сингл. Првите поради вкоренетите рутини во односот, а вторите затоа што премногу очекуваат од оние кои им се појавуваат во животот. Ситуацијата на работа е добра, но вие сакате повремено да драматизирате. Посветете се на своите задачи за да избегнете да направите грешки. Можни се непланирани трошоци, кои можевте да ги избегнете. Имате осцилации во расположението. Хранете се колку што е можно поздраво бидејќи килограмите ви се лепат.

Рак

Во текот на оваа недела ќе исфрлите сè што не чини и ќе го споите и она што ви се чинело невозможно. Важно е само очекувањата да ви се на реалистично ниво. Слободните Ракови треба да ја зграпчат љубовта која им се нуди на тацна. На работа е добро, но мора да престанете да обрнувате внимание на неважните детали, поради кои непотребно се нервирате. Пари немате, а знаете зошто? Бидејќи ги потрошивте сите. Потребно е да се одморите. Избегнувајте да јадете на нервна база, особено десерти.

Лав

Лавовите во врска не се баш задоволни со она што го имаат. Слободните Лавови нека внимаваат дали се вљубуваат во личност или илузија. Оваа недела не е поволна за нови врски. На работа задржете го стандардот и досегашниот квалитет, но немојте да преземате задачи кои не се во ваша надлежност. Поведете повеќе сметка за тоа на што трошите пари. Здравјето ви е чувствително. Престанете да јадете на база на стрес.

Девица

Личните односи се под некаква негативна енергија, но не се борете против неа, оставете ја да помине и многу полесно ќе се ослободите на тој начин. Слободните Девици ќе имаат неочекувана шанса да завршат со личност во која многу ќе се вљубат. На работа сте неуморни, задачите ги завршувате како од шега, но имате уште многу да покажете колку вредите како работник. Со парите секогаш може подобро. Изразен стрес и чувствителен стомак, хранете се со лесни намирници.

Вага

Немате за што да се пожалите, но немате ни со што да се пофалите. Односот со саканата личност не е сјаен, но нема ни поголеми проблеми. Слободните Ваги флертуваат, но не им е до стабилни емотивни приказни. На работа периодот е особено поволен за реализирање на вашите планови и замисли, иако оди побавно од што сакавте. Не располагате најпаметно со финансиите, време е за нов план на трошење. Можни се проблеми со циркулацијата. Решени сте да се храните здраво, затоа не попуштајте пред омилениот десерт.

Скорпија

Односот со партнерот е добар, стабилен и повремено монотон. Слободните Скорпии освојуваат каде и да се појават, а во текот на неделава ќе запознаат потенцијален иден партнер. На работа имате многу планови, но не сакате да вложувате време и труд. Но, тие планови нема да се реализираат сами од себе, затоа бидете вредни. Парите ги трошите без многу да размислувате на редовните трошоци. Здравјето ви е добро, чувајте се од преладеност. Метаболизмот одлично ви работи.

Стрелец

По бурниот ноември, конечно доаѓа стабилен период за вас и реално ќе согледате кој треба да задржите во својот живот, а кого да пуштите да си оди. Ако сте во врска можни се караници, ако сте слободни, имате отворена шанса која долго време ве чека. Работа имате премногу, па не знаете од каде попрво да почнете да реализирате. Планирајте паметно. Кон средината на неделата можен е непланиран трошок во домаќинството. Можни се проблеми со варењето и главоболки. Избегнувајте ја храната која ви создава дигестивни тегоби.

Јарец

Се чувствувате одлично, иако вашиот партнер не. Освестете се навреме пред да го изгубите. Слободните Јарци имаат сè што им треба за да привлечат кого сакаат, но се чини како другите да не паѓаат толку лесно на нивниот шарм. На работа правите сигурни чекори, а тие може да ве донесат кон нови прилики и постабилни позиции. Финансиите ви создаваат главоболки. Можни се проблеми со варењето и со уринарниот тракт. Обидете се да не претерувате со пецива и десерти.

Водолија

Ви претстои љубовен ролеркостер, без разлика дали сте сингл или во врска. Посветете му повеќе внимание на партнерот. Ако сте сингл, ќе сфатите дека немате доволно време за да се заморувате со љубов. Чувајте се од манипулации на работното место. Вие дадовте премногу, време е да почнете да добивате. Приливот на пари и понатаму е стабилен. Чувствителен ви е респираторниот систем. Ги менувате навиките во исхраната, но вашиот организам не го поднесува тоа најдобро.

Риби

Влегувате во фаза на среќа, планови за иднина и возвратена љубов. Точно знаете што очекувате од личноста која ја сакате. Слободните Риби ги чекаат прекрасен период со спротивниот пол. На работа постојат некои нејаснотии кои ве спречуваат да ги донесете вистинските одлуки. Можно е да ви наметнат задачи за кои немате ингеренции. Парите во моментов ви се најмал проблем. Студеното време ви создава проблеми со циркулацијата. Обидете се да се храните квалитетно и да имате барем три оброци во текот на денот.

Поврзани вести

Беше најубав актер од 90-тите, а денес изгледа зачудувачки: Верувате ли дека е тој? (ФОТО)

Stefanija Kuzmanovska

„Watchmen“ води по бројот на номинациите за „Еми“ наградите

Stefanija Kuzmanovska

Меган и Хари заминаа од Канада

Најдобрите филмови за денот на вљубените

Кристина Денесовска

Прикријте ги подочниците и дамките на лицето како вистински професоналец за шминкање

Влатко Зорба

Како изгледа Ана Ивановиќ во деветиот месец од бременоста? (фото)