Забава МАГАЗИН

Необични таленти на познатите личности

Нашите омилени ѕвезди ги сакаме поради нивната работа на естрадата, филмовите и модните писти. Но, тие умеат многу повеќе од тоа.

На пример, дали сте знаеле дека Анџелина Џоли има дозвола за управување со авион?

Какви таленти имаат другите познати личности?

Џејми Ли Кертис во 1987 година измислила и патентирала бебешка пелена со отвор за чување влажни марамчиња.

Актерот Тејлор Лотнер има црн појас во карате, кој го освоил на своја 8-годишна возраст. Патрик Демпски, кога не глуми доктор, постојано е на тркачка патека и има завидна колекција на спортски автомобили.

Раперот Снуп Дог е тренер на детски фудбалски клуб, кој го основал во 2005 година. Бијонсе пак, е исклучителен сликар и особено ѝ „лежат“ портрети.

Меѓу другите, Марго Роби знае да тетовира. Покрај управување со авиони, Анџелина Џоли е и мајстор во фрлање ножеви.

Се зборува дека Пирс Броснан е и голтач на оган, но дека тоа не го прави веќе долго време. Актерката Елен Пејџ умее да жонглира, додека пак пејачот Џастин Бибер со голема леснотија мести Рубикови коцки.

Брус Вилис знае да свири на хармоника, а актерот Арон Пол од „Breaking Bad“ тврди дека знае да разговара со кучиња.

Пејачката Тејлор Свифт ужива да подготвува џемови, мармалади и желеа, а Кеша создава уметност со помош на човечки заби.

Неверојатно, зарем не?

Поврзани вести

Зошто јануари е месец на разводи

Убавината е наследна: Вака изгледала мајката на Анџелина Џоли (ФОТО)

Елена Даскалова

Зошто стресот ви ја буди желбата за благо?

user2

Принцот Чарлс има коронавирус, Камила не е заразена

Почна забавата пред Клиниката каде што се роди внукот на Цеца: Таткото Вељко со скината маица ги кити трубачите со пари (видео)

Никола Поповски

Вини Џонс низ солзи го откри писмото со последна порака од починатата сопруга

user2