Забава МАГАЗИН

Необичните мемоари на Џим Кери

Актерот кој во последно време е сѐ позафатен снимајќи филмови, работејќи на телевизиско шоу и објавувајќи карикатури на Твитер, откри дека е подготвен да ги напише своите мемоари. Според информациите, тој веќе почнал во соработка со Дејна Вакон да ги пишува мемоарите под наслов „Мемоари и дезинформации“, кои ги опишува како “бестрашно и полуавтобиографско разголување на личноста“. Во книгата ќе биде пишувано за актерството, Холивуд, агентите, славните личности, пријателствата, самотијата, љубовта, стравот од зближување, растењето во Канада. Џим Кери вели дека “ништо во книгата е реално и сѐ во книгата е вистина“, што ги остави збунети многумина.
Излегувањето на книгата е закажано за мај, а Кери планира да оди на турнеја за да ја промовира.

Поврзани вести

Сите зборуваат за реакцијата на Анистон кон Бред Пит

Кети Пери позираше без шминка

Дали знаете колку скапо може да ве чини маникирот во салон?

Елена Даскалова

По Оскарите, одложена и BAFTA

Stefanija Kuzmanovska

Бен Афлек прозборе за проблемите со алкохолот и разводот

Кристина Денесовска

Хари: Се гордеам со тоа што ѝ служев на кралицата и на земјата