Забава МАГАЗИН

Нервозната насмевка на принцот Вилијам на шегите за кралското семејство

Војводата и војвотката од Кембриџ се смееја малку нервозно на шегите на Марго Роби за Мегзит за време на говорот кој го одржа на БАФТА наградите.

Кејт и Вилијам беа почесни гости на 73. доделувања на наградите на Британската филмска академија кои се одржаа во Ројал Алберт Хол. Наградата за најдобар спореден актер ја освои Бред Пит за улогата во филмот „Си беше еднаш во Холивуд“.

Скарлет Јохасон, по прогласувањето, откри дека Пит не може да дојде па наместо него наградата
ќе ја преземе неговата колешка од филмот, Марго Роби. Додека го отварала листот со говорот, за кој тврди дека го напишал Бред, Марго се извинила во негово има велејќи дека има приватни обврски.

„Па вели: Здраво Британија, слушам дека сега си станала слободна, добро дојде во клубот. Ти посакувам се најдобро во преговорите за разводот, бла бла бла“, започнала Марго.

По заблагодарувањето на Академијата, Тарантино и останатите, Марго ја зела статуетката.

„Вели дека ќе ја нарече Хари бидејќи е многу возбуден што ќе го однесе назад во Америка. Негови зборови, не мои“, се пошегувала, а камерите се свртеле кон Кејт и Вилијам кои се смееле, а Британците мислат дека на Вилијам му било незгодно.

Поврзани вести

Највкусните новогодишни кекс-колачиња со ѓумбир (РЕЦЕПТ)

Елена Даскалова

Три навики поради кои се чувствуваме уморно

Елена Даскалова

Мајка ѝ на Меган виновна за „мегзит“?

Елена Даскалова

Што е најлошо што можете да изедете за појадок?

user2

Тирамису со јаболка (РЕЦЕПТ)

Елена Даскалова

Влегла во Гинисовата книга на рекорди откако истетовирала 16 портрети на Еминем на своето тело

Александар Петровски