Забава МАГАЗИН

Никол Потуралски и Ирина Шајк изгледаат како близначки

Манекенката Никол Потуралски (27) стана популарна откако беше во врска со најомилениот актер во светот, Бред Пит (56), а обожавателите велат дека таа многу личи на нејзината колешка Ирина Шајк (34), поточно дека „изгледаат како близначки“.

Имено, убавицата Никол неодамна стигна до медиумите ширум светот кога беше фотографирана на аеродромот во Франција со Бред Пит, со кого отиде во неговиот имот на југот на земјата, каде тој се ожени со Анџелина Џоли (45) пред шест години.

Се верува дека тогаш актерот ја однел својата нова девојка во „Шато Миравал“, имот што го купил во 2011 година со неговата поранешна сопруга за 67 милиони долари.

Оттогаш таа е главна тема на сите медиуми, а фановите се натпреваруваат само да докажат дали таа повеќе личи на поранешната на Бред, како што веќе беше напишано, или на убавицата Ирина Шајк.

Никол и Ирина имаат слична форма на глава, скоро ист нос и идентични усни. Бојата и формата на нивните очи се скоро исти – сини, и двете се природни бринети. Исто така, двете девојки се високи 178 см и имаат слична структура на телото.

Поврзани вести

Зелено смути за силен имунитет

Шарлиз Терон: Сите треба да бидеме феминистки

Влатко Зорба

Кој е најзгодниот хороскопски знак во зодијакот?

Влатко Зорба

Чоколадни пралини со лешник и портокал

Елизабет Харли го соблече градникот и покажа неверојатно тело (ФОТО)

Stefanija Kuzmanovska

Дуа Липа: Твитер е нездрава средина

Влатко Зорба