Забава МАГАЗИН

Објавен трејлерот за „Повикот на дивината“

Студиото „20th Century Fox“ го објави првиот трејлер за филмот „Повикот на дивината“ што ја претставува најновата екранизација за истоимениот роман од Џек Лондон.

Од режисерот на „Како да го тренирате својот змеј“, Крис Сандерс, на 20 февруари пристигнува култната приказна „Повикот на дивината“ за куче и човек кои, во време на златната треска од крајот на 19 век, се сретнуваат во Канада.

Во најновата верзија на филмот, во улогата на Џон Торнтон, човекот со големо искуство во трагање по злато, ќе се најде Харис Форд, еден од омилените холивудски актери.

Бак е куче со големо срце чии, до скоро совршен живот, ќе се преврти наопаки. Одеднаш го селат од својот дом во Калфорнија и го носат во дивата Алјаска. Бак ја доживува најголемата авантура во својот живот и конечно го наоѓа својот мир.

„Повикот на дивината“ користи врвни визуелни ефекти и технологија, со цел животните да изгледаат што е можно пореалистични.

Поврзани вести

Кајли Џенер купи луксузен автомобил за 3 милиони долари

Stefanija Kuzmanovska

Нови сведоштва во случајот на Харви Вајнштајн

Ози Озборн со донација за српска болница

Групата Хјурикејн ќе ја претставува Србија на Евровизија

Посен солен ролат со спанаќ

user2

Скарлет Јохансон искрено за бракот со Рајан Рејнолдс