Здравје и Храна МАГАЗИН

Огорченоста е сигурен пат до разболување

Огорченоста, сама по себе, не ги решава проблемите, но само ви ја одзема виталноста и ви го убива духот.

Сите сме свесни за тоа и дека е многу тешко да се смириме кога всушност, во нас гори тивок оган на лутината и бесот. Но, токму ваквите чувства ве прават болни, уморни, немотивирани… Колку и да се обидуваме да се носиме со тоа, некогаш е навистина невозможно.

Лекарите сметаат дека кога сме повредени од некого, нашето тело реагира со грчење на мускулите, чувствителност на зглобовите, како и стегање во градите.

Многупати сме морале да проголтаме некоја навреда, но притоа иако забораваме, нашето тело памети и реагира со намалена циркулација, а со тоа и со намален имунитет.

Затоа, не се прашувајте дали можеби вие сте премногу ранливи, бидејќи тоа не е точно – сосема е нормално кога сте повредени да ви страда и телото, но и менталното здравје.

За да го избегнете тоа, научете да простувате, да бидете трпеливи, да бидете толерантни и никогаш не заборавајте едно – вие сте господарот на своите чувства!

Поврзани вести

Што е епидемија, а што пандемија?

Елена Даскалова

Северина ќе му даде 2.000 евра на Милан поради прекршување на забраната

Срцепарателна фотографија: Дедо го запознава внукот преку прозорец

Фановите го искритикуваа лошиот фотошоп на Бела Хадид

Њујоршкиот суд го прогласи Вајнштајн за виновен

Кристина Денесовска

Најдобрите филмови за денот на вљубените

Кристина Денесовска