Забава МАГАЗИН

Опра Винфри си ја отвори душата за најинтимните прашања

Осум години откако нејзиното телевизиско шоу згасна, 65годишната ѕвезда, Опра Винфри и понатаму не застанува. Последен во низата е нејзиниот проект за Apple TV кој ќе биде фокусиран на менталното здравје. Пред почетокот на емитување на емисијата, Опра прозборе за тоа и за детали од приватниот живот кои многу ја интересираат јавноста.
– Никогаш не зажалив за својата одлука- рече Опра која ја прашаа, по којзнае кој пат, дали жали што врската со животниот партнер Стедман Грахам не ја озакони, како и за тоа што тие никогаш немаа деца. Славната водителка всушност не жали за ниедна работа во животот.
Таа е могул и својот три години постар партнер го запозна во 1986 година на една добротоворна вечера, а како што призна, во текот на врската која трае 33 години, само еднаш посакала да стане мајка, и тоа брзо откако се свршиле.
– Во еден миг во Чикаго купив стан водена од мислата дека ако се венчаме, ќе ни треба соба за деца – призна таа, но тоа никогаш не се исполни бидејќи самата станала свесна колкава одговорност е тоа и колкави жртви ќе се потребни за да стане мајка.
– Во текот на годините кога работев на шоуто, сфатив дека разговарам со многу збркани луѓе, а кои станале такви затоа што нивните родители не биле свесни колку таа работа е важна и одговорна. Со години имам најголемо почитување за жените кои се решиле да останат дома за децата, бидејќи не знам како им успева тоа секој ден. Никој не им дава признание на жените какво што заслужуваат. Размислував за тоа често, за тоа дека работам 17 часа на ден, како и моите продуценти, дома кога ќе дојдам ме чекаат двете кучиња и Стедман кој ми дозволува да бидам она што сум. Никогаш не барал од мене : „Каде ми е појадокот? Кога ќе биде вечерата?“ но мислам дека тоа ќе се сменеше ако се венчавме. Двајцата одамна заклучивме дека не биле повеќе заедно ако се венчаме. Затоа не жалам за ништо, а верувам дека дополнителна причина за тоа е и што го најдов она што е најдобро за мене и се посветив на мојата Академија за девојчиња во Јужна Африка. Тие девојчиња ја исполнуваат на некој начин мајчинската празнина во мене“ – објасни Опра.

Поврзани вести

Првата сопруга на Елон Маск: Ме остави без пари и со пет деца

Влатко Зорба

Нина Бадриќ позираше само во сако и “урна“ Инстаграм

user2

Што е најзлобното нешто што го прави секој хороскопски знак?

Елена Даскалова

Природно и ефективно: Маска за лице од магдонос

Десетици милиони го гледаа Андреа Бочели од Милано

Stefanija Kuzmanovska

Љубовта е ПЕКОЛ со овие хороскопски знаци

Stefanija Kuzmanovska