Забава МАГАЗИН

Оскаровскиот „Одвеано со виорот” симнат од репертоарот на ХБО поради спорната расна тематика во него

Американската стрим-платформа „ХБО Макс“ ја тргна филмската класиката „Одвеано со виорот”, поради спорната расна тематика во него.

Имено, во филмот се прикажани „среќни робови“ од црната раса. Тој одамна е критикуван за романтизирањето на ропството во Америка во 19 век. ХБО сепак соопшти дека оскаровското остварување може да биде вратено на платформата, но придружено со истакнати забелешки за „конфликтните и противречни теми“ во него.

„Одвеано со виорот” раскажува приказна за американската Граѓанска војна и за убавицата Скарлет О’Хара која се обидува да остане жива и да го задржи својот начин на живот, но и да си ја најде вистинската љубов. Филмот со Вивијан Ли и Кларк Гејбл во главните улоги, има добиено осум Оскари.

Поврзани вести

Парична казна за Северина поради прекршување на полицискиот час во Белград

Stefanija Kuzmanovska

Жената во овој знак е уникатна: Таа е паметна, имагинативна и лесно решава каков било предизвик

Берта Китинска

Дали апстиненцијата има и свои добри страни?

Stefanija Kuzmanovska

Сигурно ќе се препознаете: 11 типа луѓе во карантин и нивните смешни описи

Stefanija Kuzmanovska

Која храна треба да се јаде наутро, а која навечер?

user2

Алина Јакупова е идната Џиџи Хадид

user2