Забава МАГАЗИН

Откриен идентитетот на силувачот на Деми Мур

Човекот кој наводно ја силувал Деми Мур кога имала 15 години, бил познат сопственик на клуб во Лос Анџелес. Деми за ова пишуваше во нејзината книга со мемоари „Inside Out“ тврдејќи ека мајка ѝ Вирџинија Кинг, ја носела во барови за да ѝ помогне да им привлече внимание на мажите, а потоа една вечер кога се вратила дома Деми затекнала постар маж, кој ги имал клучевите од куќата.
„Како е да бидеш продадена за 500 долари?“- ја прашал тој.

Ѕвездата од филмот „Дух“ го идентивикуваше како Вал Думас, семеен пријател чие вистинско име било Бејзил Думас, грчки сопственик на популарен клуб во Лос Анџелес. Со оглед дека тој починал во 1997 година, во негово име прозборе Џорџ Германидес, негов бизнис партнер, кој кажа дека навистина соработувале и имал многу пари, сакал жени, но не знае дали е вистина тоа што го тврди актерката.
Во едно телевизиско интервју Деми изјави дека никогаш нема да може да ѝ прости на мајка си бидејќи таа му дозволила да ѝ се приближи, или како што рече „таа ме турна во неговите раце“.

Поврзани вести

Дали вреди да се купи скап шампон?

user2

Три хороскопски знаци кои е најтешко да ги сакате

Елена Даскалова

Хороскопски знаци кои секој интимен однос ќе го претворат во чиста емоција до крајот на јуни

Влатко Зорба

Кармен Електра се отвори за врската со Родман

Stefanija Kuzmanovska

Пријанка Чопра и Ник Џонас ја оправдаа титулата најдобро облечен пар и во 2020 година

Кејт Мидлтон го обожавала Иванишевиќ: „Бев фасцинирана…“

Stefanija Kuzmanovska