Забава МАГАЗИН

Овие четири хороскопски знаци имаат златно срце

Дали постојат луѓе кои се издвојуваат меѓу другите со нивната нежност, чиста и широка душа и добродушно срце? Од астролошка гледна точка, ваквите квалитети припаѓаат само на некои хороскопски знаци, односно на вкупно четири претставници на зодијакот.

Овие луѓе се способни за големи дела особено за оние кои ги сакаат. Тие се искрени, знаат да простат и да дадат втора шанса ако сте згрешиле.

Прочитајте за кого се работи:

Рак

Ракот е чувствителен и неверојатно ранлив. Тој точно знае колку боли кога сте навредени или предадени и лесно може да се стави во кожата на другиот. Затоа и често е повреден, мислејќи пред се на другите. Покрај тоа, Ракот е одличен слушател и мудар советник. Затоа, луѓето кои имаат сериозна потреба од поддршка и рамо за плачење се толку блиски до него. Ако Ракот е навреден, во никој случај нема да се одмазди или да шири гласини и озборувања за сторителот. Тој едноставно ја прифаќа ситуацијата, па дури и е во состојба да има разбирање и да го оправда виновникот.

Вага

Типично за претставниците на овој пријателски хороскопски знак е дека копнее по хармонија околу себе. Вагите не сакаат да влегуваат во караници и спорови и не толерираат грубост ниту кон себе, ниту кон оние кои ги сакаат. Најверојатно, тоа се должи на минатото, во кое биле повредени. Но, за да одржи хармоничен однос со другите, Вагата е подготвена да го игнорира незадоволство и да продолжи да комуницира со оние околу себе со мирен тон. Нивниот приоритет е рамнотежа и само рамнотежа во секој однос со лушето.

Стрелец

Стрелците се смели, непредвидливи и храбри и оставаат впечаток како да не се плашат од ништо, но и дека пристапот до нив не е баш лесен. Сепак, се работи за топол, љубезен, нежен и срдечен хороскопски знак. Тие се спремни да се откажат од сè за да помогнат на некој кој им значи или кој во минатото бил добар кон нив. Амбициозни се и сакаат признанија, но и покрај тоа се подготвени да бидат љубезни и големи хуманитарци, без да бараат ништо за возврат.

Риби

Нивната нежна и ранлива душа се соживува со трогателни приказни и тажни животни судбини. Тие имаат чисто срце, љубезни се и искрени во советите кои ги даваат. Ако имате пријател роден во знакот Риби, можете да бидете сигурни дека несебично ќе ве слуша, а во исто време внимателно ќе ги избере зборовите за поддршка и ќе ви помогне да го решите проблемот. Простуваат на оној кој ги повредил и целосно веруваат дека такво нешто веќе нема да се повтори.

Поврзани вести

Авторот на „Игра на тронови“ обвинет за расизам и трансфобија

Влатко Зорба

Доаѓа нова серија од авторот на „Сексот и градот“

Stefanija Kuzmanovska

Бени, Дац и Александар со честитка за Бајрам (ВИДЕО)

Православните христијани денеска го слават Митровден

Елена Даскалова

МЕГАН И ХАРИ ПРЕПЛАШЕНИ: Преземаат драстични мерки поради безбедносни причини

Stefanija Kuzmanovska

Авторот на „Гладијатор“ и „Осмиот патник“ има нова серија: Ќе се наежите од трејлерот

Stefanija Kuzmanovska