Здравје и Храна МАГАЗИН

Овие видови храна се неправедно осудени како лоши

Постојат намирници кои се апсолутно здрави за вас и постојано треба да бидат дел од менито, има и такви без кои се може, но не предизвикуваат штета и оние кои се многу штетни.

Секоја година се менуваат и трендовите во исхраната. Некогаш се веруваше дека кафето е штетно, па потоа дека е здраво, а слично се случуваше и со јајцата, млекото, сирењето и други намирници.

Многу видови храна се неправедно осудени како лоши, само поради маркетинг и воведување некои навики и трендови, во кои одредени намирници целосно се исклучуват.

Еве за што се работи:

Јајца

Со години беа обвинувани дека предизвикуваат срцеви заболувања поради високо ниво на холестерол. Сега се знае дека содржат здрави есенцијални хранливи состојки кои помагаат да останеме здрави.

Кафе

Секако, ако цел ден пиете кафе, тогаш има штетни влијанија. Но, една до две шолји во денот имаат позитивно дејство врз вас. Според некои истражувања, кафето помага да ја подобрите меморијата.

Компир

Долго време на него се гледаше како голема грутка полна со скроб, но компирот содржи и белковини и растителни влакна и витамин Ц, а во исто време е и нискокалоричен, ако го јадете варен или печен.

Сирење

Сирењето содржи млечни масти, белковини, калциум, витамини А и Б и многу минерали. И во овој случај важи дека не треба да претерувате со изедените количини.

Житарици

Ако житариците се со преработен шеќер, тогаш се штетни. Но, доколку користите цело зрно или незасладени снегулки, тие ви обезбедуваат доволно минерали, како и витамин Д.

Поврзани вести

Зошто Германија го забранила најголемиот музички европски хит на сите времиња?

Елена Даскалова

Почина гитарист на „Red Hot Chili Peppers“, се испитуваат причините

Никола Поповски

Секс сцена на Кејт Винслет и 18 години помлада колешка за која зборува целиот свет

Никола Поповски

Позната американска актерка се удавила пред синот

Храна која можете да ја јадете колку и да посакате и нема да се здебелите

Кристина Денесовска

Принцот Хари одговори на обвинувањата дека тој и Вилијам несоодветно управувале со добротворни фондови

Влатко Зорба