Забава МАГАЗИН

„Паразит“ вистински хит на бокс-офисот по победата на Оскарите

Јужнокорејскиот филм „Паразит“, кој на минатонеделните Оскари беше апсолутен победник, сега руши рекорди како странски филм на американскиот бокс-офис.

До Оскарите, во САД, „Паразит“ имаше заработено 5,5 милиони долари, а по победата во само една недела заработи 8,8 милиони долари. Во последнава недела заработи и дополнителни 12 милиони долари глобално.

Според „Вараети“, тоа е зголемување на профитот за 234%, што е рекорд кога е во прашање постоскаровска заработка на некој филм. Досега тој рекорд го држеше „Green Book“, кој по Оскарот, го зголеми профитот за 121%.

Буџетот за снимање на „Паразит“ изнесувал само 11 милиони долари, за разлика од своите конкуренти во сите категории каде беше номиниран, чии продукции чинеа стотици милиони долари.

Поврзани вести

Бекстрит бојс признаа дека нивната најголема песна нема никаква смисла

Кристина Денесовска

Хрватски водител откри како да се заштитите од 5г мрежа (ВИДЕО)

Брус Вилис по 22 години го облече вселенскиот костум што го носеше во „Армагедон“(ФОТО)

Влатко Зорба

Документарец на „Нетфликс“ открива нови детали за Епштајн: Се дружел со Клинтон на „Островот на оргии“, неговиот адвокат тврди дека е убиен

Никола Поповски

Новиот докмуентарец за Тед Банди открива морбидни детали

Кристина Денесовска

Хороскопот открива: Кои жени најлесно ќе ги засакате

Кристина Денесовска