МАГАЗИН Патувања

Бебе родено во авион доби бесплатни билети за патување за цел живот (ФОТО)

Додека патуваше од Лондон до Каиро минатата недела, Хиам Наср Наги Дабан (38) од Јемен се породи во авион, а раѓањето на бебе во овие услови дефинитивно се исплатеше бидејќи бебето доби бесплатен авионски билети од авиокомпанијата до крајот на животот.

На 16 септември, Јеменката Хиам леташе со авион „Египет ер“ од главниот град на Велика Британија кон египетската престолнина, кога почна да чувствува породилни болки.

Силните контракции беа знак дека бебето е подготвено за раѓање.

Откако бремената жена пријавила дека чувствува болка, капетанот побарал итно слетување во Минхен – но патничката се породила пред да слета авионот.
Иако не и идеална средина за породување, Хиам и нејзиното бебе поминаа низ уникатно искуство, кое со убаво ќе го паметат цел живот.
Покрај тоа, Египер Ер му додели на новороденчето, родено на летот MS777, доживотни билети за нивните летови.

Египет Ер на Твитер објави дека компанијата го наградила девојчето со бесплатни билети за авионски превоз до крајот на нејзиниот живот, а истовремено менаџерскиот тим и директорите и го честитале на храбрата мајка раѓањето на бебето.

Поврзани вести

Чорба од зелка со ребра

user2

По Дуа Липа и Рита Ора пропагира независно Косово

Stefanija Kuzmanovska

5 хороскопски знаци кои се лоши пријатели

Елена Даскалова

Девет секојдневни работи кои се исклучително опасни

Кристина Денесовска

Спајк Ли му оддаде почит на Коби Брајант на Оскарите

Кристина Денесовска

Медицинска сестра во бикини: Откриен идентитетот на девојката која ги запали социјалните мрежи (фото)