Забава МАГАЗИН

Пензионираниот Пирс Бронсан на романтично патување во Европа

Холивудската актерска жива легенда, Пирс Броснан, моментално е на патување низ Европа, а по Исланд и Италија, сопругата Кели Шеј Смит ја одведе во градот на љубовта. Фотографите успеаа да го фатат романтичниот пар на излегување од хотелот, кога заминуваа на вечера. Пирс и Кели се долги години во складен брак и уште еднаш покажаа колку се сакаат. Шеесетишест годишниот актер прво ја однесе саканата на Исланд каде поминаа неколку мирни денови уживајќи во природата и убавините на оваа островска земја. Потоа заминаа во Портофино, романтично градче на јужниот дел од Италија, а сега се во Париз.
Некогашната новинарка и писателка за таа цел облече посебна креација во леопард дезен кој го искомбинира со црни класични детали, додека Пирс остана верен на својот лежерен стил.
По тешкиот животен период во младоста, кога поради болест ја изгуби првата сопруга, Пирс сега минува низ среќни денови. Со својата сродна душа, како што ја нарекува Кели во брак се 18 години и патуваат низ светот, бидејќи синовите им се пораснати и немаат обврски околу нив.

Поврзани вести

Трите најчувствителни хороскопски знаци

Северина Којиќ стана православна христијанка?

Елена Даскалова

Како ќе изгледа „мирниот“ живот на Хари и Меган во Канада?

Зошто сокот од портокал е совршен за почеток на денот?

Елена Даскалова

Исчестете го тепихот со оцет и сода

Шенон Доерти бесна на оние кои ја прекршија изолацијата