Здравје и Храна МАГАЗИН

Пиевте антибиотик? Време е да го прочистите телото

Некои здравствени состојби бараат задолжителна антибиотска терапија. Колку и да сте противник на земање антибиотици, некогаш едноставно, така мора.

А, по терапијата, време е да го вратите балансот во вашето тело. Антибиотиците исто така, влијаат и врз количината на добри бактерии во телото, па затоа треба да се посветите на прочистување.

Прв најважен чекор е да користиме пробиотик во текот на терапијата, кој се зема неколку часа откако сме го испиле антибиотикот. Исто, потребно е да внесуваме и суплементи со витамин Ц, во количина од 500 милиграми дневно. Сè што е над оваа количина, организмот го исфрла, односно не го користи.

По завршување на терапијата, започнете со исхрана богата со антиоксиданси, која ќе ги елиминира остатоците од антибиотикот. Многу е важно да јадеме свежи овошје и зеленчук за да го постигнеме ефектот.

За време на терапијата и периодот потоа треба од исхраната да ги исфрлиме белиот шеќер, скробот, вештачките бои и адитиви и белото брашно, кои создаваат услови за појава на кандида.

Исто така, пијте доволно вода, околу два литра во текот на денот.

Пробиотикот треба да се зема уште неколку дена по завршувањето на терапијата. Потоа можете да го замените со јогурт или кефир од проверено производство, со цел да го вратите нормалното функционирање на дигестивниот систем.

Поврзани вести

Која е Ен Бајденс, вдовицата на Кирк Даглас

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Бикот е решителен, Водолијата со добра волја, а вие?

Stefanija Kuzmanovska

Нова хит-техника за нијансирање на коса – самрак

Елена Даскалова

Бен Афлек користел дејтинг апликација под лажно име

user2

7 знаци на нетолеранција на глутен

Елена Даскалова

Домашните мачки можат да се заразат со Ковид-19