Забава МАГАЗИН

Пинк најави пауза од музичката кариера

На вчерашното доделување на Кантри музичките награди, Пинк се појави со сопругот и двете деца, а пред да започне шоуто разговарала со екипата на „Entertainment Tonight“.

Таа им кажала на новинарите дека е забавно да ги носи и децата, бидејќи има што да се види, а најавила дека во јануари ќе прослави 14 години брак со сопругот Кори Харт.

На крајот од изјавата, Пинк ги открила своите планови неодредено време да се повлече од музичката сцена, особено откако имаше навистина исполнета година поради реализацијата на албумот „Hurts 2B Human“ и промотивната турнеја за него.

„Две и пол години непрекинато правев музика. Вилоу се враќа во училиште, а Џејмсон почнува во градина. Следната година е година на семејството и Кори ме поддржува во тоа“, изјавила Пинк.

Поврзани вести

Ова се најопасните алтернативни гинеколошки лекови

Елена Даскалова

Награди на критичарите: Најдобрите филмови за изминатата година

На Мајкл Даглас не му требаат парите на татко му

Елена Даскалова

Деми Ловато во изолација со новото момче

Психолошки профил на родените во знакот Рак

Елена Даскалова

Оскари 2020: Доминација на „Паразит“, дебакл на „Irishman“

Кристина Денесовска