Забава МАГАЗИН

Пирс Морган остро ги нападна ѕвездите кои профитираат од коронавирусот

Коронавирусот од многумина направи херои, но многумина ги направи многу себични.

„Ова се моите топ 20 ‘корона идиоти’. Зар не е смешно дека во исто време се богати и славни?“, рекол новинарот, водител и колумнист Пирс Морган, кој објаснал како токму кризата го открива најдоброто и најлошото во луѓето.

Според пишувањата на странските медиуми, Морган е трогнат од несебичната работа на лекарите во оваа ситуација. Ја спомнал и работата на ред други луѓе кои на било кој начин помогнале во борба против пандемијата. Но, не му се јасни оние кои оваа ситуација ја искористиле за своја лична корист.

– Овде се моите 20 злобници! Сите би требало да се погледнат во огледало и да се запрашаат зошто го направиле тоа што го направиле. Па да почнеме со ред – рекол Морган.

„Гал Гадот и нејзините познати, го закомплицираа видеото во кое требало да се отпее песната „We are the world“, но наскоро тоа стана гадост која не исмеа. Зад грозното пеење и себепромоција, пораката од оригиналната песна на Ленон е да се замисли свет без граници. Така, да ги гледаш ѕвезздите како тоа го пејат од своите милионски летниковци е навистина лицемерно.“

„Мадона. Според неа, голем допринос во борба против вирусот би тербало да биде видео во нејзиниот раскошен дом од 20 милиони долари, каде лежи гола во када со ливчиња рози, опкружена со свеќи, зборувајќи за вирусот. Да, баш. Замислувам како свеќите би можеле да ги хранат здравствените работници шест месеци. Што се однесува до розите, можеме само да се надеваме дека нема да го затнат одводот.“

Пирс понатаму листата ја продолжува со Доналд Трамп, британскиот премиер, Џеред Лето, Сем Смит, кралскиот пар Хари и Меган, како и многу други ѕвезди кои наместо да донираат дел од нивното огромно богатство тие праќаат пораки и се однесуваат лицемерно.

Поврзани вести

Минале 25 дена на море не знаејќи дека светот го зафати пандемија со коронавирус

РАК: Годишен хороскоп за 2020 година

Елена Даскалова

Ламбе ќе стане татко по втор пат

Кристина Денесовска

Црните пантолони и јакна од Брилијантин продадени за 300.000 долари

„Благословете го соседството со ваков сосед“: Провокативно издание на Нивес Целзиус (фото)

Расел Кроу се здебели за новата улога