Забава МАГАЗИН

Почина легендарен британски актер

Актерот Џон Бенфилд, најпознат по улогата во серијата „Prime Suspect“, почина во болницата Собел Хаус во Оксфорд на 68-годишна возраст по долга и тешка битка со редок вид на рак.

Агентите на Џон, Мархам, Фрогат и Ирвин, изјавиле за „Оксфорд мејл“ дека Џон секогаш внесувал „вистина и интегритет во неговите улоги“ и како тој бил импонзантна и силна фигура со „душа и верба во својот занает“.

Бенфилд ги остави зад себе својата сопруга Лилијан, синот Фреди и внукот Рекс.

Во серијалот „Prime Suspect“, тој го играше главниот надзорник на детективот Мајкл Кернан, заедно со уште една одлична актерка, Хелен Мирен. Серијата, која се емитуваше помеѓу 1991 и 2006 година, се фокусира на детективот, главниот инспектор Џејн Тенисон (Мирен), која треба да се докаже себеси во машка професија, со поддршка на нејзиниот шеф Мајк Кернан (Бенфилд).

 

View this post on Instagram

John Benfield

A post shared by Geraint Lewis (@geraintlewispics) on

Поврзани вести

Стивен Кинг поради лажните вести си замина од Фејсбук

Елена Даскалова

Обложувалниците типуваат: Оскарите ќе заминат кај Рене Зелвегер и Жоакин Феникс

Елена Даскалова

САД бараат принцот Ендру да сведочи во „случајот Епштајн“

Барак Обама ја заследил поранешната актерка од филмови за возрасни

Рики Мартин и сопругот добија уште еден син (ФОТО)

user2

Што велат ѕвездите за избор на датум за свадба следната година

user2