Забава МАГАЗИН

Поради коронавирусот, славни затвореници бараат помилувања

Познати личности кои отслужуваат затворски казни, бараат помилувања и порано пуштање дома поради ситуацијата со коронавирусот.

Меѓу нив се и осудениот адвокат Мајкл Авенати, Бил Козби, музичарот Р. Кели, финансиерот Берни Медоф и уште неколку познати личности кои сметаат дека би требало да бидат дома во време на пандемијата.

Барањето за помилување дојде откако во неколку затвори во Лос Анџелес беа потврдени позитивни случаи на ковид-19. Поголемиот дел од барателите на помилување се во притвор чекајќи конечна пресуда, но поради ширењето на вирусот, дел од рочиштата се одложени без познат датум на следно одржување.

Помилување побарал и Мајкл Коен, поранешен советник на Трамп, кој отслужува казна за финансиски измами во текот на кампањата, но судот одлучи да не му дозволи, бидејќи сметаат дека тоа е испланирано за веднаш да може да се вклучи во следната претседателска кампања.

Адвокатот на раперот Tekashi69 побарал ослободување затоа што тој има астма и спаѓа во ризична група. „Ако се зарази, тешко ќе го преживее тоа“, тврди адвокатот.

Поврзани вести

Братот на Кери Фишер го откри оригиналниот план за принцезата Леа

Елена Даскалова

Џорџе Давид прати потресна порака од болница

Кристина Денесовска

Направете го ова за да имате совршени кркми во текот на целиот ден

user2

Били Ајлиш ќе настапува на Оскарите

Елена Даскалова

Освежете ја косата со маска од мед и кокос

user2

Академијата ќе му оддаде почит на Коби Брајант при доделувањето на „Оскарите“

Влатко Зорба