Забава МАГАЗИН

Порнхаб помага во кризата: Бесплатни премиум услуги за сите во светот

Прво започна во Италија, а потоа се прошири низ целиот свет.

Не, овде не се мисли на коронавирусот, туку на компанијата PornHub, кој одлучи да му овозможи на целиот свет да ги користи премиум услугите во наредните 30 дена бесплатно, за да се остане дома и да се спречи проширување на епидемиолошката криза.

За да пристапите до услугата PornHub Premium, треба да се регистрирате на официјалната веб-страница на услуги, при што корисниците наведуваат дека нема да ги напуштат своите домови и дека „ќе уживаат со часови со HD содржината за возрасни“.

Ако се прашувате што ја разликува услугата Premium од редовната бесплатна услуга, разликата е во квалитетот на содржината, така што сега е можен бесплатен пристап до содржината во резолуција 2K и 4K,, пренесува Нетокрација.

Порнхаб е познат по голем број на креативни маркетинг решенија и во минатото.

Но ова не е единствениот „придонес“ кој компанијата го прави во справувањето со коронавирусот. Компанијата одлучила и дека 85% од профитот за април ќе го даде на порнографските актери кои се погодени од ситуацијата, а донираат и 25 илјади долари на Проектот за сексуални работници преку кој се поддржуваат лицата од индустријата кои се останати без примања.

Дополнително, Порнхаб донирале и 30 илјади медицински маски за итните медицински служби и противпожарните служби од Њујорк.

Поврзани вести

И Кинезите се согласуваат – провевот може да „убие“

Елена Даскалова

Келтски хороскоп: Откријте што сте и што тоа кажува за вас

Елена Даскалова

Џеј Ло и Кендал во футуристичка кампања на Версаче

Елена Даскалова

Канје Вест: Исус е единствената суперѕвезда

Зошто јануари е месец на разводи

Научници истражуваат дали женскиот оргазам има репродуктивна улога

Maja_Serafimova