МАГАЗИН

Потврден крајот на серијата „Ла Каса де Папел“

Неодамна беше објавено дека по кратката пауза поради пандемијата на коронавирус, започна снимањето на петтата сезона на популарната серија на Нетфликс „Ла Каса де Папел“, а за странските медиуми е потврдено дека петтата сезона ќе биде и последна.

Имено, новите авантури во голема мера се во подготовка, а Данска беше избрана за официјалниот почеток на снимањето. Тимот автори и актери потоа ќе отпатува за Шпанија и Португалија, за да ја заокружат приказната. Овие детали ги објави „Entertainment Weekly“, но тоа не е крајот на изненадувањата. На поставата ќе им се придружат и дуото Мигел Анхел Силвестир и Патрик Криадо, кои ќе донесат свежина во успешниот тим.

Сезоната ќе има 10 епизоди, а датумот на прикажување сè уште не е утврден.

Поврзани вести

Мажи внимавајте: Работи кои никако не смеете да ѝ ги кажете на партнерката

Софија Вергара повторно ги остави фановите без здив: Позира целосно гола во када (фото)

Никола Поповски

Анастасија Ражнатовиќ е најмладата Србинка која ја следат повеќе од милион луѓе на Инстаграм

Гвинет Палтроу исмеана од сопствената ќерка за производите на нејзиниот бренд

Stefanija Kuzmanovska

Вегански рецепт за бајадера со малини

user2

Ники Туторијалс ќе ја води Евровизија

Елена Даскалова