Забава МАГАЗИН

Потврден втор дел од „П.С. Те сакам“

Големиот филмски хит „П.С. Те сакам“, снимен по романот на Сесилија Ахерн, излезе во 2007 година, со Хилари Свонк, Џерард Батлер и Лиза Кудроу во главните улоги.

Обожавателите на филмот и новелата сигурно се радуваа кога Ахерн напиша продолжение со наслов „Постскриптум“. Тоа ги подгреа надежите дека е можен и втор дел од филмот, кој всушност, веќе е потврден.

Во првиот филм глумеа Хилари Свонк, Џерард Батлер, Кети Бејтс, Џефри Дин Морган, Лиза Кудроу и Хари Коник Јуниор. Иако многумина не беа задоволни од разликите во книгата и филмот, сепак ја обожаваа екранизацијата.

Во вториот дел од книгата се зборува за група која ја обожава Холи Кенеди и успева да стапи во контакт со неа, сакајќи да им помогне и тие самите да ги промовираат писмата кои ги испраќаат до нивните сакани кои починале.

Еден од работните наслови, но не и официјално потврден за филмот е „П.С. Се уште те сакам“. Наводно, филмот ќе биде реализиран на Нетфликс пред да се емитува во кината.

Поврзани вести

Бред Пит ќе дизајнира одела за Бриони

Крис Хемсворд донирал милион долари во борба против пожарите во Австралија

Роналдо и Џорџина очекуваат бебе?

Џенифер Анистон и Кортни Кокс ги збунија обожавателите

Елена Даскалова

Тридневна диета со компири која со години е хит на интернет

Војната продолжува: Анџелина доживеа уште еден дебакл во спорот за старателството со Бред Пит

Влатко Зорба