Забава МАГАЗИН

Пожртвуваност, љубов и лажни вести во време на коронавирус

Социјалните мрежи, за жал, се идеална подлога за креирање и ширење лажни вести кои имаат најразлична цел – од создавање паника, па до создавање илузии за одредени теми.

Една од најсподелуваните фотографии изминатите денови е од парот полицаец и лекарка, кои зборуваат преку стакло, а додадено е и емоџи во облик на срце, за да ја зголеми драматичноста.

Секако, доза оптимизам и надеж ни се и повеќе од неопходни во овој период кога светот е погоден од пандемија, која не ја одмина ниту Македонија. Желбата да се изнудат насмевки кај пријателите и оние кои ги сакаме е повеќе од разбирлива, но дали и по секоја цена?

Од оваа вирална фотографија лесно може да се доведе некој во заблуда дека е фотографирана кај нас, бидејќи натписот полиција е напишан на кирилица, а логото на полицијата прикриено со срцето. Но, уште полесно е да се најде и оригиналот на оваа фотографија, објавен на страницата на Фејсбук на српското Министерство за внатрешни работи.

Поврзани вести

Тиндер ја банирал бидејќи била премногу убава

Кристина Денесовска

Неделен хороскоп: Близнаците робови на навиките, Раковите да бидат пореални

Елена Даскалова

Се што треба да знаете за уредување на градината

Хајли Бибер откри како го освоила Џастин

Нова жртва на принцот Ендрју

Зошто Кејт Мидлтон толку често носи зелена облека?