Забава МАГАЗИН

Позната песната за Евровизија на Васил Гарванлиев

По преслушување на пристигнатите композиции на јавниот повик, како и детална анализа на понудениот музички квалитет од страна на домашните, но и автори од странство, Македонската Радио Телевизија заедно со овогодинешниот евровизиски претставник Васил Гарванлиев одлучи композицијата со наслов „YOU“, на авторот Невенка Нешкоска, да биде песната со којашто Васил ќе настапи на Евровизија 2020 во Ротердам.

Невенка Нешкоска е македонска композиторка и продуцент, родена во Охрид, но порасната во Чикаго. Невенка има завршено на отсекот за композиција на колеџот за музика „Беркли“ во Бостон и е добитник на награда за најдобра светска песна на „USA Songwriting Competition“.

Во моментов се работи на продукциско оформување на песната, по што следуваат и повеќе детали за неа, како и официјалниот датум на промоција.

Поврзани вести

Најубавите комбинации на бои за новогодишна елка

Елена Даскалова

Ве прават да изгледате постаро: Овие четири катастрофални грешки со косата несвесно ги правите

Еротскиот кабинет на кралицата Катерина Велика

user2

Изберете парфем кој ќе привлекува и заведува

Влатко Зорба

Прикријте ги подочниците и дамките на лицето како вистински професоналец за шминкање

Влатко Зорба

Овие симптоми на кожата откриваат дека сте чувствителни на глутен

Влатко Зорба