Забава МАГАЗИН

Познати личности чии профили ќе ви ја направат изолацијата позабавна

Самоизолацијата која се наметна од пандемијата со коронавирусот за многу познати личности стана причина да бидат поактивни на социјалните мрежи.

И додека некои повремено објавуваат фотографии со долги пораки за заштита или поздрав кон фановите и семејството, некои ѕвеезди отидоа чекор понатаму па секојдневно ги забавуваат своите фанови и се обидуваат да ги орасположат во овие стресни моменти.

Мајли Сајрус

Своето дневно шоу го нарекува Bright Minded Miley, а оди на Инстаграм од понеделник до петок, а во него гостуваат и други познати личности како Деми Ловато и Хејли Бибер. Во шоуто разговараат за психолошкото здравје, поп културата, шминка и многу други теми.

Карди Би

View this post on Instagram

I said what I said

A post shared by Cardi B (@iamcardib) on

Раперката нема свое шоу како Мајли, но често се јавува преку Инстаграм Лајв и IGTV видеа во кои искрено се обраќа на својата публика, разговара за моментално актуелните теми на претпознатлив уребесен начин.

Џон Мајер

View this post on Instagram

A Simple Misunderstanning.

A post shared by John Mayer 💎 (@johnmayer) on

Пејачот секоја недела има свое шоу, Current Mood во кое исто така му се придружуваат познати личности.

Заедно дома

Светската здравствена организација и Global Citizen со заеднички сили го креираа профилот Together at Home на кој познати личности како Камила Кабејо и Шон Мендез одржуваат мини концерти или одговараат на прашања како што тоа го направи актерката Прјанка Чопра.

Поврзани вести

Салата по рецепт на Најџела Лосон која со часови останува свежа

Елена Даскалова

Дрејк ја објави првата фотографија со својот син

Мишел Фајфер и во шестата деценија изгледа совршено

Синот на Мајкл Џексон: оваа животна лекција од татко ми е највредната

user2

Анџелина Џоли: Сакам повторно да се чувствувам слободно

user2

Ријана излезе на третото место на листата на најбогати уметници на „Сандеј тајмс“

Stefanija Kuzmanovska