Забава МАГАЗИН

Прашања кои можат да откријат колку ќе трае вашиот брак

Доколку некогаш сте се прашувале дали постои некаква формула за долготрајност на бракот, одговорот на овие две прашања би можел да биде клучот.

Имено, економистите Леор Фредберг и Стивен Стерн направиле истражување на Универзитетот Вирџинија така што 4242 пара ги прашале две едноставни прашања и потоа ги следеле во наредните шест години.

Ова се прашањата:

Колку сте среќни во бракот во однос на тоа колку би биле среќни доколку не сте во брак?

Што мислите, како вашиот партнер одговорил на тоа прашање?

Резултатите покажаа дека тие кои одговориле дека би биле еднакво среќни и да се сами се оние кои се развеле во тие шест години.

„Идејата на љубовта овде е тоа што вашиот партнер ви претставува посебен вид на среќа“, објаснува Фредберг и продолжува: „Иако сите имаат некакви проблеми кои можат негативно да влијаат на среќата, самиот факт дека вашиот партнер е тука покрај вас би требало да ве прави посреќни“.

Истото итражување покажало дека само 40 проценти од испитаниците успеале да го предвидат одговорот на својот партнер на тоа прашање, а дури 60 проценти не знаеле прецизно да наведат некои основни информации за својот партнер.

Отприлика 50 проценти од браковите завршиле со развод, па овој мал тест би можел да биде добра работа и проценка за одредување на трајноста, односно можниот распад на бракот.

Поврзани вести

Бора Ѓорѓевиќ оди на лекување

Кристина Денесовска

Сите зборуваат за средбата на Меган Маркл и Кејт Мидлтон

Таткото на Тијана Ајфон: Ќерко, не се откажувам од тебе!

Stefanija Kuzmanovska

Нуркач сам спасил кит заплеткан во мрежа, австралиските власти го казниле (ВИДЕО)

Оригиналната верзија на Петар Пан ја открива неговата мрачна страна

Кристина Денесовска

Редок ген е причина зошто не сакате зелени зеленчуци

Елена Даскалова