Забава МАГАЗИН

Причини зошто пријателството со бенифиции е лошо

Пријателството со бенефиции за многумина звучи како спојување а убавото со корисното. Сепак, постојат причини поради кои наизглед идеалното сценарио може да тргне на лошо.

Најчесто ризикот се однесува на пропаст на добро пријателство. Овие пет причини ќе ве натераат добро да размислите за идејата, бидејќи ризикувате многу повеќе него што можете да добиете:

1. Вашиот однос со текот на времето ќе се смени

Две личности кои започнуваат врска без обврски, но во еден момент кај едниот почнуваат да се раѓаат чувства. Додека трае таа врска емоциите се одбиваат, но сепак не треба да се срамите. Повеќето врската ја започнуваат кога не им е до врски, но со тек на времето потребите се менуваат.

2. Некој на крајот ќе се откаже

Дури и двајцата потполно искрено да сте започнале нова етапа во вашиот живот, пријателството ќе пукне. Без разлика што ќе се случи, едно е сигурно – пријателството со бенефиции не трае вечно и крајот најчесто е непријатен.

3. Ќе забележите кога флертува со други личности

Со оглед на тоа дека сепак сте пријатели, сигурно барем една ноќ ќе ја поминете во поголемо друштво. Тоа значи дека би забележале кога вашиот „пријател“ ќе флертува со друга личност. Тоа е опасно бидејќи може да се јави чувство на љубомора.

4. Ќе се сменат работите во вашето друштво

Не треба да се грижите што другите мислат за вашата интима, но неизбежно е дека „пријателството без обврски“ ќе се одрази на атмосферата која владее во задничкото друштво.

5. Некој ќе се налути, пред или после

Дали сексот е навистина повреден од пријателството? Доколку се познавате површно, „пријателството“ не може да го оштети вашиот однос. Меѓутоа, добро размислете дали вреди старото пријателство да го жртвувате поради неколку возбудливи ноќи.

Поврзани вести

Ван Дам славеше роденден во дворецот на оваа балканска пејачка

user2

Ѕвезди со цимет – совршени божикни колачи

Пинк ќе донира 500.000 долари за пожарите во Австралија

Солзи, тага и болка на погребот на Кирк Даглас

Кристина Денесовска

Зошто косата брзо ви се мрси и како да го решете тоа

Кристина Денесовска

За оние кои нема да добијат Оскар, подготвени вредни подароци

Елена Даскалова